Одамна заборавено сценарио за „Војна на ѕвездите“ продадено на аукција за повеќе од 10.000 фунти

Фото: Lucasfilm / Twentieth Century Fo / AFP / Profimedia

Еден колекционер од Австрија го купи сценариото за филмот „Војна на ѕвездите“, кој актерот Харисон Форд го оставил во станот во кој престојувал во Лондон, Велика Британијa, по цена од 10.795 фунти (околу 12.500 евра), пишува „Гардијан“.

Сценариото го пронашла брачна двојка, која за време на снимањето на филмот му изнајмила стан на Форд. Покрај сценариото, актерот оставил и други работи, како распоред за снимање, список за повици и разни белешки, кои во пакет биле продадени на купувач од Велика Британија за 4.826 фунти (околу 5.600 евра).

Се работи за четвртиот нацрт на сценариото за првиот дел од филмот, кое било нецелосно, со страници во различни бои и траги од ревизии. Вклучува и сцени и ликови кои се исечени од финалната верзија на филмот. Работите на актерот биле криени 50 години во приватна куќа во Нотинг Хил, Лондон. Всушност, горните два ката биле изнајмени на Форд.

Инаку, Харисон Форд го толкуваше ликот на Хан Соло во научно-фантастичниот филм на Џорџ Лукас од 1977 година, а играше и во продолженијата на оригиналниот филм: „Империјата возвраќа“ (1980) и „Враќањето на Џедајот“ (1983). Актерот се појави и во седмиот дел од филмот, со наслов „Моќта се буди“ од 2015 година.

Фустанот на принцезата Леа од „Star Wars“ се продава за 2 милиони долари

Награди од изборот на критичарите 2024: „Опенхајмер“ избран за најдобар филм, Харисон Форд со награда за достигнување во кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот