Од утре заладување: Се очекуваат и обилни врнежи од дожд

Од утре не очекува заладување проследено со пообилни врнежи од дожд во попладневните часови, јавува УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

В петок претпладне сè уште ќе има локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Во текот на викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, а локален дожд се очекува во ноќта сабота кон недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот