Од три врски доби три деца: Актерката Кејт Хадсон се надева дека ќе има уште прилики да раѓа деца! (ФОТО)

Чувствувам дека се уште не сум завршила со раѓањето, изјави познатата холивудска актерка…

Актерката Кејт Хадсон (40) само што се врати од породилното отсуство и додека го промовираше својот нов филм, кај Елен Деџенерис во емисија призна дека се надева дека ќе има уште деца.

„Не знам дали завршив со раѓањето. Моментално сум во таква ситуација, така што Рани ме тера да размислувам често: Сакам уште бебиња. Но кога ќе има 4 или 5 години, веројатно ќе чувствувам дека е време животот повторно да добие друга димензија. Чудно е, но таа е како некој нов прозор…“

Актерката од три врски има три деца: Рајдер (16), Бингам (8) и Рани (16 месеци).

View this post on Instagram

All my Valentines ❤️ #happyloveday

A post shared by Kate Hudson (@katehudson) on

„Што се однесува до родителството – грешам секој ден. Премногу им викам на децата, пцујам пред нив, не ги исполнувам родителските должности бидејќи имам премногу обврски. Но во исто време, има денови кога на себе си си велам: Јас сум супермајка!“ Готвам, чистам, пишувам домашни со нив, менувам пелени, вежбам, изјави неодамна Кејт за тоа како ги балансира мајчинството и работата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот