Од СЗО велат дека нема ниту една функционална болница на северот на Газа

Болница во Газа / Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека северниот дел на Газа остана без ниту една функционална болница поради недостиг на гориво, персонал и медицински материјали.

Како што соопшти организацијата, само девет од 36 здравствени установи се делумно функционални во цела Газа

-Сите овие објекти се концентрирани на југот на енклавата. Всушност нема повеќе функционални болници на север (од Газа), изјави Ричард Пеперкорн, претставник на СЗО во Газа, преку видео врска од Ерусалим.

Според него, болницата „Ал-Ахли“ е последната болница, која е минимално функционална – се уште лекува пациенти, но не прима нови.

Пеперкорн рече дека до пред два дена таа била единствената болница во која можеле да се оперираат повредените во северниот дел на Газа и истата била преполна со пациенти на кои им била потребна итна помош. Тој дополни дека нема повеќе операциони сали поради недостиг на горива, струја, медицински материјали и здравствени работници, меѓу кои хирурзи и други специјалисти.

Пациентите, како што додаде тој, не се во можност да се движат и треба итно да бидат префрлени за да имаат шанса да преживеат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот