Од партијата на Каракачанов лути, велат две партии застануваат против бугарските интереси

Красимир Каракачанов / Фото Архива на Слободен печат

Откако Европскиот Парламент ги опомена бугарските министри да не претеруваат со провокативни изјави кон Македонија, тие се лути на ова укажување. Две партии застануваат против бугарските интереси на темата Македонија, реагираат од партијата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов. 

Партијата ВМРО-БНД, чиј претседател е Каракачанов остро се противи на парламентарните групи на Социјалистите и на Зелените кои предложиле корекции на Извештајот на ЕП за Северна Македонија. Велат дека „луѓето на Станишев направиле национално предавнички амандман на декларацијата што ЕП треба да ја гласа во четврток, во врска со приемот на нашиот сосед во членството во ЕУ“.

„Со аманданот како што пишува во него „се осудуваат неодамнешните провокативни изјави на членови на бугарската влада во однос на историските прашање кои ја засегаат Северна Македонија и се противречни со духот на Договорот за добрососедски односи со Бугарија. Се повикуваат бугарските власти да се воздржат од слични изјави, со оглед на предизборната кампања во Бугарија која е во тек. Го поздравуваме зрелиот и балансиран одговор на тие провокации од владините преставници во Северна Македонија“,стои во предложениот амандман, објавен на сајтот на ВМРО-БНД.

За партијата, со овој амандман директно се алудира на изјавите на нивниот претседател Каракачанов.

Со месеци наназад бугарските политичари ја спорат посебноста на македонскиот народ, јазик, и историја. Тие во неколку наврати потсетија дека патот до ЕУ води преку Софија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот