Од Либан утринава лансирани две ракети врз Израел, нема загинати и штети

Фото:: Архива

Две ракети лансирани од Либан рано утринава го активираа  алармниот систем во северен Израел, каде можеа да се слушнат сирените за тревога.

Израелската армија соопшти дека одговорила на нападот со артилериски оган, пренесуваат британските медиуми. Другите агенции јавуваат дека во нападот нема повредени, ниту е предизвикана материјална штета.

Израелската армија соопшти дека една од ракетите била соборена од ПВО, а другата паднала врз ненаселена област.

Израел во 2006 година војуваше против движењето Хезболах, кое има упориште во јужен Либан, а во својот арсенал има напредни ракети, додаваат британските медиуми.

По војната меѓу Израел и Хезболах од пред 15 години, границата оттогаш е релативно мирна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот