Од Лезбос за Германија заминаа 82 бегалци

Со чартер лет од грчкиот остров Лезбос за Германија, заминаа 82 признаени бегалци, јави дописничката на МИА од Атина.

Релокацијата на бегалците од островот со чартер летови за Германија е во рамките на договорот меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и германската канцеларка Ангела Меркел за преземање 1.553 лица по катастрофалниот пожар во кампот Мориа, а се спроведува од Министерството за миграција и азил на Грција во соработка со Меѓународната организација за миграција и со финансиска поддршка од Европската комисија.

Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека досега, од Лезбос за Германија заминале 906 признати бегалци, од кои 425 со директни летови, а 481 со летови од континеталниот дел на Грција поради рестрикциите наметнати од пандемијата.

Првиот чартер лет од Лезбос за Хановер беше на средината на минатиот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот