Од ковид-19 почина водачот на теориите на заговор во Норвешка: Тврдеше дека короната не постои

Популарниот норвешки теоретичар на заговор Ханс Гардер (60), кој негираше дека коронавирусот е опасен, почина од таа болест, откако беше домаќин на два настана во неговиот дом.

Гардер почина на 6 април и според првичниот извештај за обдукција беше утврдено дека е заразен со коронавирус . Според локалните медиуми, само неколку дена пред неговата смрт тој организирал нелегален собир во општината Гран, педесетина километри северно од Осло.

Заразени се и најмалку 12 лица кои присуствувале на настаните, а полицијата го утврдува точниот број на учесници.

Патем, забраната за собири поради пандемија е на сила во Норвешка од 16 март.

“Која е причината за воведување вакви мерки со цел да се спречи инфекција која е слична на настинка или грип. Дали со тоа сакаат да камуфлираат дека короната не се пренесува од човек на човек”, напиша Гардер на Фејсбук.

Тој исто така пишуваше за Илуминатите и дека Џо Бајден ги украл претседателските избори во ноември минатата година.

Со текот на годините, тој објавуваше текстови на веб-страницата Nyhetsspeilet, но и на социјалните мрежи.

Има сомнеж дека имал симптоми на коронавирус околу две недели пред неговата смрт, а Дагбладет изјавува дека неговото семејство го охрабрувало да оди на лекар, но тој не сакал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот