„Од извини не се живее“ – работа и успех треба!

Фото: РФМ

Се извини Кире на македонската „Фаланга“, доблесно е секако, но како велат „од извини не се живее“ – работа и успех треба!

Завршија надежите на Македонија за висок пласман на последното Светско првенство, каде што, барем според изјавите од нашиот табор пред почетокот, отидовме со големи очекувања. Сега гледаме изјави од селекторот дека и не сме очекувале победа, туку лично тој се надевал на успех, но сметал дека реалноста е тесни порази…

Се извини Кире на македонската „Фаланга“, доблесно е секако, но како велат „од извини не се живее“ – работа и успех треба!

Направи Лазаров многу и премногу како играч за Македонија во ракометот, а селекторскиот почеток му беше како од соништата, со победата на Данска во Скопје. Но, од оваа гледна точка можеме да видиме дека на селекторската позиција малку како да се загуби.

Промени секако има многу, меѓутоа селекторот е тој што ги избира играчите, а овој пат тие што беа избрани не покажаа скоро ништо, никој не блесна, не видовме најава од некого за нов лидер…

Критиките на негова сметка ги имаше уште по објавувањето на списокот, јавноста му замеруваше за големиот број ракометари од неговиот „Алкалоид“, меѓутоа се чекаше да се види настапот на СП и видовме.

Довербата ракометарите никако не ја оправдаа, а дали ќе беше поинаку со Карапалевски, Танковски, Мишевски… или некои четврти-петти, можеме само да претпоставуваме.

Посочи Кире по првенството дека голманите не биле на ниво, но како да бидат голманите на ниво кога беа оставени на „милост и немилост“, одбраната дефинтивно потфрли, можеби и најмногу. Слабо игравме во таа последна линија и на подготвителните натпревари со Хрватска и Израел, а нашиот стручен штаб не успеа да пронајде решение.

Кире го (по)троши големиот кредит како играч, од Македонија се бараат резултати, јавноста очигледно не е задоволна само со настап на големо натпреварување.

ОСТАВКА?

Прерано е да се носат такви радикални потези. Настапот на ЕП 2024 е скоро обезбеден и треба Лазаров да добие време да го поправи она што сега не „штимаше“. Меѓутоа ако се случи нов ваков катастрофален настап на Македонија и на тој турнир, ќе биде повеќе од очигледно дека промени треба да има.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот