Од денеска повторно се наплаќа паркирањето во катната гаража „Судска палата”

Катната гаража „Судска палата” која повеќе од еден месец не беше во функција поради дефект со електричното напојување, од денеска повторно започнува со работа, соопшти ЈП ПОЦ.

Општина Центар и ЈП ПОЦ го санираа дефектот со електричното напојување и се во завршна фаза со санација на кровот на катната гаража. Санирањето на целокупната штета ја чинеше општината околу 1.100.000,00 денари.

Од понеделник, сите корисници кои треба да склучат/продолжат договор или да извршат плаќање можат да одат директно во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата” или да го сторат тоа електронски на www.poc.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот