Од болницата „Пирогов” отпуштени двајца од повредените во автобуската несреќа

автобуска несреќа во Бугарија
Автобуска несреќа во Бугарија, загинаа 46 патници од Македонија/ Фото: Nikolay DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Двајца од граѓаните на Северна Македонија повредени во сообраќајката на автопатот „Струма” се отпуштени од софиската болница „Пирогов”. Како што јави дописникот на МИА од Софија, отпуштените пациенти се стабилни и во добра општа состојба. Се очекува тие да бидат преземени за натамошно набљудување во медицинските установи во Северна Македонија. Д-р Анастасија Викторова од Клиниката за изгореници и пластична хирургија при НУ болница Пирогов ги предаде пациентите на медицински екипи од Република Северна Македонија.

Другите четворица повредени во несреќата се во добра општа состојба. Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија, е во стабилна состојба, непроменета од вчера.

Според најавите, уште двајца од повредените патници ќе бидат отпуштени од болницата утре, двајца на 30 неомрви, а еден на 1 декември.

Несреќата се случи рано изутрината на 23 ноември на автопатот „Струма”. Загинаа 45 лица, а седуммина се повредени. Според бугарските истражители, жртвите починале од задушување откако автобусот се запалил, а најверојатна причина за несреќата е човечка грешка.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот