Од 70 кревети во модуларната болница во Скопје, полни се 43

Инфективна клиника / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Капацитетот на модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје не е променет, но бројот на хоспитализирани се намалува поради исписите на пациентите.

Модуларната болница на Инфективната клиника има капацитет од 70 легла, а зградата 100 легла. Во моментот во модуларната болница има хоспитализирано 43 пациенти, а во зградата на клиниката 100 пациенти, велат за „Слободен печат“ од Министерството за здравство.

Според последните статистики на Институтот за јавно здравје, вкупниот број на актинви случаи со ковид-19 е 13.027, а дистрибуцијата по градови е најголема во Скопје со 5.788 пациенти, Тетово 1.082 пациенти и Куманово 903 пациенти. Состојбата во Гостивар се стабилизира, активни се 614 случаи и најавено е дека тамошната модуларна болница ќе биде затворена зашто нема толку многу барања за хоспитализации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот