Од 2024 година Лигата на шампионите заминува во историјата!?
Водечките европски клубови, вклучувајќи ги Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, се согласуваат да формираат ново УЕФА натпреварување, т.н. Суперлига која би ја заменила досегашната Лига на шампионите.
Како што се предвидува, Суперлигата треба да започне во 2024 година.
Во лигата би играле 36 клубови според швајцарскиот систем. Би се играле 10 кола, а потоа екипите ќе продолжат во нокаут фаза, односно од осминафиналето.
Топ 5 лигите (Англија, Германија, Шпанија, Италија и Франција) би имале по четири претставници, а три места би биле за тимови кои не обезбедуваат место преку лигите, но имаат значајна историја.
Сите 36 екипи би биле во една лига, а натпреварите ќе бидат одредени во однос на позициите што ги заземале тимовите во претходната европска сезона.