Обвинетиот ексобвинител Димоски: Со мене се пресметува Јовески, тоа е нарачан политички прогон

Фото: Фејсбук

Поренашниот охридски обвинител Војо Димоски, против кого Јавното обвинителство денеска соопшти дека поднело обвинителен акт за несовесно постапување во слушбата, вели дека е цел на „нарачан и политички мотивиран прогон“, кој врз него го спроведува републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

„Со оглед дека последните речиси две години, заканите кои ги добивав од различни центри се однесуваа на мојот физички интегритет, морам да признам дека ми е задоволство што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин“, напиша Димоски на Фејсбук.

„Без оглед каква е состојбата во правосудството, судницата сепак е мој терен, а околноста дека некој во сопствената интелектуална и стручна немоќ зел да ја злоупотребува позицијата за пресметка со неистомисленици, најмалку зборува за мене. И покрај непријатностите и околноста што е надвор од етиката и од законот лиферувањето на вакви информации, ми претставува задоловолство што самата дебата се преместува на терен на јавноста. Очекувајте целосно да ве информирам за текот на нарачаниот и политички мотивиран прогон кон мене и притоа со задоволство да ги разобличам нарачателите“, пишува Димоски.

„Дедо ми велеше дека чавките секојпат напаѓаат во јато. Така и овојпат. Арно ама ние сме родени за посериозни битки, а не за бркање чавки. Слобода или смрт!“, додава Димоски, кој неодамна поднесе оставка од функцијата обвинител, а потоа беше кандидат за уставен судија, предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот