Обрадовиќ со пофалби: МЗТ се бори до крај, атмосферата беше фантастична

Фото: Screenshot

Денес во СЦ „Јане Сандански“ Партизан ја оправда фаворитската улога и славеше во дуелот со МЗТ Скопје со 74:92.

Натпреварот беше решен во првата четвртина која Партизан ја доби со 25:9, во останатите периоди МЗТ рамноправно се носеше со гигантот од Белград. Тренерот Жељко Обрадовиќ истакна дека е задоволен од победата, но и ја пофали атмосферата во салата.

„Пред се сакам да се заблагодарам на навивачите на двата тима и на домаќинот за одличната кошаркарска атмосфера. Натпреварот го отворивме со агресивна игра и одлучувачката предност знаевме како да ја задржиме. За МЗТ се подготвуваме најсериозно, ова е само почеток на сезоната и тешко е нешто да се анализира или прогнозира. Натпреварот од почетокот до крајот во ниту еден момент не изгледаше како завршен“, изјави Обрадовиќ.

Во следното коло МЗТ ќе се соочиу со екипата на Будуќност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот