Oбјавувањето на владиниот план за стимулирање на француската економија е одложен за една недела

Фото: МИА

Извршната власт планира да додели 40 милијарди евра на планот за реиндустријализација на земјата, вклучувајќи и 20 милијарди евра во текот на две години кои ќе бидат наменети на намалување на даноците на производство.

Првично објавувањето на планот за стимулирање на економијата беше закажано за понеделник, 24 август, а потоа одложено за вторник, 25 август, сепак презентацијата на владиниот стимулативен план ќе биде во текот на „првата недела од септември”, изјави портпаролот на француската Влада, Габриел Атал.

Причина за пролонгирањето е поради тоа Владата да може целосно да се посвети на почетокот на учебната година и крајот на летните одмори во однос на здравјето, јави дописникот на МИА.

Атал наведе дека планот, кој „е готов”, ќе биде претставен „ден по враќањето во училиштата, за што ние прво мора да ги обезбедиме вистинските организациски услови” во однос на борбата против Ковид-19.

– Распоредот за спроведувањето на планот очигледно останува ист – истакна Атал.

Планот, во вредност од 100 милијарди евра е поделен во четири дела – независност, екологија, солидарност и вештини и треба да овозможи забрзување, во текот на две години, закрепнување и трансформација на француската економија. Голем број најави и понуди беа дадени во текот на летото од страна на Владата.

Извршната власт планира да додели 40 милијарди евра на планот за реиндустријализација на земјата, вклучувајќи и 20 милијарди евра во текот на две години кои ќе бидат наменети на намалување на даноците на производство.

Владата ќе потроши 30 милијарди, од кои дел се преклопуваат со 40 милијарди наменети на индустријата, во корист на енергетската обнова, транспортот и енергијата.

Францускиот премиер Жан Кастекс се изјасни за усогласена еколошка транзиција и со помирување за „зачувувањето на биолошката разновидност” со „економски и човечки активности”.

Владата, исто така, планира да инвестира околу 20 милијарди евра за поддршка на вештини и особено да го олесни влезот на младите луѓе на пазарот на трудот.

На крај, 20 милијарди ќе бидат посветени на поддршка на најсиромашните и на куповната моќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот