Објавено е дигитално издание на книжевни критики за дела од 21 век

Деновиве е објавена електронската книга „Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век)“. Книгата е резултат на истражувањето на дипломирани и тековни студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ – Скопје, во соработка со професорката Калина Малеска како уредничка на книгата.

Авторите и авторките на поглавјата напишале кратки осврти за творештвото на избраните писатели и писателки за дела напишани од 2001 до 2020 година. Идејата е да се опфатат што поголем број писател(к)и од овој период и со тоа да се поттикне преиспитување на самиот концепт на канонот.

За да се постигне таа цел, се планира книгата да се прошири во наредните години и да има и второ издание. Книгата е самостојно издание во електронска верзија и може да се преземе тука.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 170, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 11-12.3.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот