Објавени конечните резултати од изборите во Косово, Самоопределување има најмногу пратеници

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Државната Изборна Комисија во Косово, после 52 дена поминати од изборите, ги објави конечните резултати.

Претседателката на ДИК, Валдете Дака, изјави дека Самоопределување има добиено 26.270% од гласовите, Демократска лига на Косово има добиено 24.548% од гласовите, Демократската Партија на Косово има добиено 21.234% од гласовите, коалицијата составен од Алијансата за иднина на Косово и Социјал Демократската Партија добила 11.515% од гласовите, Српската Листа има добиено 6.402% од гласовите, коалицијата Социјалдемократска Иницијатива и Алијансата за Ново Косово има добиено 5.002% од гласовите.

Дака исто така објави и по колку пратеници им припаѓаат на партиите во новото собрание.

– Врз основа на резултатите на политичките партии, Движењето Самоопределување има 29 пратеници, Демократска лига на Косово – 28, Демократската Партија на Косово 24, коалицијата Алијансата за иднина на Косово и СоцијалДемократската Партија 13, Српската Листа 10, коалицијата Социјалдемократска Иницијатива и Алијансата за Ново Косово 6 пратеници – изјави Дака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот