Објавени детали за убиството на Данка: Двајца мажи ја прегазиле со автомобил, па телото ѝ го фрлиле во дива депонија

Полиција во Србија/Фото: Скриншот

Заврши потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2) од српски Бор, која имаше трагичен крај. Најмрачните сомнежи на семејството се покажаа како точни, а две лица утрово се уапсени под сомнение дека со автомобил го удриле девојчето, а потоа ѝ го фрлиле телото во дива депонија, дознава АТВ, а пренесува српска Нова.

Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

„С.Ј. е осомничен дека службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишната Данка, и ја убил. Заедно со колега од Д.Д., телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија, каде телото го фрлиле на десната страна од патот“, раскажува извор близок до истрагата.

С.Ј е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д за помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето, се вели во пријавата на мајката.

„С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото ја удрил девојчето и ја убил“, вели извор од истрагата. пишува АТВ.

Данка е убиена, уапсени се двајца осомничени, изјави Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот