Кои се имињата од ЕУ и Балканот кои го величат Путин

Кремљ на секој начин се обидува да влијае на европската политика кон Русија, а една од институциите во која Москва успева е Европскиот парламент. Комитетот на ова тело неодамна спроведе истражување и дојде до заклучок дека некои европратеници често перфидно ја претставуваат политиката на рускиот лидер Владимир Путин во Европа. На листата на покриени русофили се најде и еден Хрват, јавува Нова.рс.

Комитетот како пресуден го истакнува случајот со усвојувањето на резолуцијата со која се бара Русија да биде назначена како држава спонзор на тероризмот, се вели во нивниот извештај. При носење на оваа одлука, истата беше поддржана од 494 пратеници од вкупно 705. Останатите пратеници, особено оние кои беа присутни на седницата гласаа или против резолуцијата – (58) а дел од нив беа и воздржани – (44) .

Во меѓувреме како што пишуваат медиумите сегашниот состав на Европскиот парламент е активен од 2019 година. Оттогаш, до јануари 2023 годинава, нејзините членови гласаа за вкупно 22 резолуции директно поврзани со кршењето на човековите права од страна на Кремљ, војната во Украина или антируските санкции. Понекогаш Европскиот парламент вклучуваше неколку руски прекршувања одеднаш во своите резолуции: на пример, во јуни 2021 година, пратениците го осудија признавањето на неколку европски и американски јавни организации како непожелни во Русија, како и притворањето на опозицискиот политичар Андреј Пивоваров.

Уапсениот опозициски руски политичар Андреј Пивоваров/ Profimedia

Понатаму по 24 февруари 2022 година, 10 од 12 усвоени резолуции беа поврзани со војната во Украина и нејзините последици. Во исто овреме ЕУ ја осуди руската агресија, го поддржа усвојувањето на дополнителни мерки за обезбедување на безбедноста на храната и заштита на семејствата со деца кои бегаат од Украина, а исто така ја прогласи Русија за спонзор на тероризмот.

Членовите на Европскиот парламент исто така гласаа за создавање на трибунал за истрага на злосторствата на руската агресија врз Украина во јануари 2023 година.

Во овој случај, од 705 пратеници во Европскиот парламент, во просек 75 отсто или 531 пратеници ги поддржаа антируските резолуции. Сепак  нешто помалку од 40 отсто од нив гласаа против, а исто толку беа воздржани, пишуваат западните медиуми.

Листа на имиња на европратеници кои гласале против или воздржано за санкциите кон Русија / ФОТО, ЕП

Воздржаност = Поддршка за Русија

Комитетот нагласува дека последните две групи европратеници перфидно лобираат за интересите на Москва. Исто така, европратеникот освен што ќе избере меѓу овие три опции, едноставно може да не учествува во гласањето, да присуствува на седницата или да не „притисне на копчето“, оставајќи ја својата позиција необјавена. Во вкупниот пакет што го е објавен во извештајот околу 4,3 отсто од пратениците ги користеле овие методи до 2022 година.

Сепак, калкулациите покажуваат дека уделот на оние што не гласале бил три пати поголем кога се во прашање антируските резолуции. Таквото отстапување тешко може да биде случајно и значи дека некои од европратениците намерно избрале стратегија да не гласаат за документите поврзани со Русија. Сепак, некои имиња се истакнаа, јавува магазинот ЕУ Обсервер.

Кои се имињата во Европа што го поддржуваат Путин?

Понекогаш е тешко да се лоцираат членови на Европскиот парламент за кои може да се посомнева дека имаат добри односи со Кремљ. Имено, тие често не се држат до една одредена тактика при гласањето за антируски резолуции, туку комбинираат гласови против, воздржани и одбивање да учествуваат во гласањето. Понекогаш тие дури и ги поддржуваат овие документи.

На врвот на листата е Татјана Жданока, членка на Летонско-руската алијанса, позната по нејзиниот отворено проруски став, каде таа досега отфрли 20 од 22 анализирани резолуции. Жданока е многу отворена за своите ставови. Таа ја одобри анексијата на Крим во 2014 година и отпатува во Русија во 2018 година за да ги набљудува претседателските избори. Тогаш таа призна дека имало прекршоци, но додаде дека, според неа, биле „малку“. На 11 март 2022 година, Жданока и нејзините ривали одржаа митинг пред мисијата на ЕУ во Рига за да покажат поддршка за Русија. На настанот присуствуваа околу 200 луѓе.

Инаку, Жданока не може да биде избрана во латвискиот национален или градски парламент бидејќи по 1991 година работела во Комунистичката партија на Латвија. Но, тоа не ја спречува од 2004 година редовно да доаѓа во Стразбур, каде се наоѓа Европскиот парламент.

Гунар Бек од германската АфД, уште еден јавен поддржувач на Кремљ. Тој отфрли 18 од 22 резолуции за војната меѓу Русија и Украина. Слично на Жданока, Бек не избегнува да зборува за неговите про-Путин ставови. Во септември 2021 година, тој ги набљудуваше парламентарните избори во Русија.

Стигнав во Русија без предупредување.Засега гледам дека изборите се добро организирани“, рече тогаш тој.

Медиумите наведуваат дека тој ја посетил Русија на покана на Вјачеслав Володин, претседател на Долниот дом на рускиот парламент. Долниот дом го плати неговиот лет за Москва и соба во централниот хотел „Радисон Славјанскаја“. Едно ноќевање во апартман во овој престижен хотел во центарот на Москва чини и до 310 евра.

 

Понатаму на листата е и Марсел де Граф, пратеник во Европскиот парламент од холандската евроскептична партија за слобода. Тој досега методично гласаше против сите 20 важни резолуции. Инаку, во октомври 2022 година, Де Граф ја напушти крајно десничарската фракција Идентитет и демократија во Европскиот парламент, која ги обединува Алтернативата за Германија и Националното собрание на Франција. Де Граф тогаш објави дека сака да создаде своја фракција во парламентот. Во исто време како радикални се сметаат и чешкиот европратеник Иван Давид, но и Константинос Пападакис и Лефтерис Николау-Алаванос од Грција и Словакот Милан Ухрик.

Словакот Ухрик досега на неколку пати се обиде да ги објасни своите постапки велејќи дека „не може да ги поддржи резолуциите на Европскиот парламент кои осудуваат само една страна, а чии автори остануваат слепи за уште покрвавите дела извршени од западните земји или нивните сојузници“.

Немам впечаток дека некои светски сили ги слушаат другите, туку им се мешаат во внатрешните работи и се обидуваат да ги контролираат. Единствено што сакам е фер пристап“, рече тој.

Покрај нив, на листата има уште 13 имиња на европратеници, меѓу кои и Иван Вилибор Синчиќ, хрватски политичар, познат како еден од основачите и лидерите на невладината организација Живи ѕид, односно како кандидат во претседателски избори 2014 година. Синчиќ за време на предизборната кампања привлече големо внимание како најмладиот претседателски кандидат во историјата на Хрватска, кој го критикуваше хрватскиот политички естаблишмент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот