Објавена е поетската збирка „Светлината во нашите вени“ на Стефан Марковски

Насловна корица на книгата во издание на „Современост“

Во издание на „Современост“ – Скопје, објавена е новата поетска збирка „Светлината во нашите вени“ на Стефан Марковски. Стихозбирката на 100 страници содржи вкупно 39 песни распоредени во шест циклуси: Светлината во нашите вени, Пријател со времето, Пребирливоста на стихот, Машински метаморфози, Политикологија на дишењето и Бакнежност.

Дизајнот на корицата е на Александар Митриќески, а уредник на изданието е Снежана Стојчевска.

– Именките се преобразуваат во глаголи и преземаат трескавично дејство (есента започнува да есенува), бакнежот од себе истиснува именка – двојник и укажува на состојба (бакнежност), обичните лексеми си ги наслушнуваат еуфемиските блискости и ги премостуваат огромните семантички растојанија што ги разделуваат, па пилите и липите, во реалноста намовнати од конфликтност, овде ги гледаме во творителна пермутациска лирска прегратка (пили, липи).

Пребирливост на стихот, војување со перото. Технé… – меѓу другото, подвлекува македонскиот поет и книжевен критичар Санде Стојчевски за новата стихозбирка на Стефан Марковски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 222, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17.3.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот