Објавен е конкурс за поезија и за дизајнерски решенија за манифестацијата „100 илјади поети за промена“

Дизајнот на плакатот за манифестацијата е на Лазе Трипков

Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“, распиша конкурс за поезија и за плакат за 13. издание на поетската манифестација што се одржува во Струмица.

Поезијата со која конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми што се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор ќе учествува со по една песна, а пристигнатите творби ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација.

Конкурсот за дизајнерско решение на постери/плакати, кои ќе бидат дел од групна изложба во рамките на фестивалот, а тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој и мирот, е отворен до 25 септември 2023 година, по што пристигнатите решенија ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Дизајнерските решенија може да се испраќаат на [email protected] или на Фејсбук-профилот на манифестацијата. Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 илјади поети за промена“ на 30 септември 2023 година во Струмица. Дизајнот на плакатот за манифестацијата е на Лазе Трипков.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 197, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 23-24.9.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот