Нутриционистите предупредуваат: Три лоши ефекти на јаболковиот оцет

Јаболковиот оцет стана задолжителна секојдневна практика за многу луѓе со вишок килограми што сакаат да ослабнат.

Меѓутоа, нутриционистите почнаа и да го свртуваат вниманието на нуспојавите што може да ги предизвика овој пијалак.

1. Јаболковиот оцет може да предизвика сериозни проблеми со желудникот и стомакот. Не треба да се игнорира фактот дека јаболковиот оцет е, сепак, киселина. Затоа не е чудно што некои луѓе не го поднесуваат, па секој што има проблеми со стомакот треба да го избегнува. Тоа особено се однесува на сите што страдаат од улцерозен колитис и воспаление на дигестивниот тракт.

2. Јаболковиот оцет може лошо да влијае врз варењето на храната. Јаболковиот оцет содржи пектин, бидејќи се прави од ферментирани јаболка. Иако пектинот е добар за столицата, ако пиете поголема количина јаболков оцет, може да добиете дијареја (пролив). Диетичарите велат дека тоа влече повеќе вода во цревата, така што столицата станува потечна и почеста.

3. Јаболковиот оцет може да го загрози имунитетот. Пробиотиците во цревата се неопходни за силен имунолошки систем, но јаболковиот оцет го загрозува нивното дејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот