Нуклеарната централа Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба, алармираа од МААЕ

Запорожје / Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека безбедноста на нуклеарната електрана Запорожје во Украина не била директно загрозена од нападот со дрон, што предизвика експлозијата.

Но, МААЕ потенцира дека Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба.

МААЕ соопшти дека експлозијата се случила во тренинг центарот до електраната и дека добиле информација дека причината е напад со дрон. Се претпоставува дека МААЕ била информирана од руска страна.

Русија и Украина често меѓусебно се обвинуваат за напади околу најголемата електрана во Европа, која е под контрола на Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот