Њујорк тајмс: Годинава пад на економијата во ЕУ за 7,4 отсто

Весникот наведува дека засега не е можно да се определат вистинските размери на рецесија и оти е можно ситуацијата да биде и полоша од прогнозите.

Според најновата проекција на Европската комисија, како резултат на пандемијата на новиот коронавирус, економијата на ЕУ ќе забележи пад од 7,4 проценти оваа година, невработеноста ќе достигне девет проценти, а ќе дојде и до намалување на обемот на инвестициите и нагло зголемување на долговите и дефицитите.

За споредба, со претходната проекција за оваа година се предвидуваше раст од 1,2 проценти, а во најтешката рецесија досега, до која дојде во 2009 година поради светската финансиска криза, економијата на ЕУ забележа пад од 4,5 проценти, посочува Њујорк тајмс.

Весникот наведува дека засега не е можно да се определат вистинските размери на рецесија и оти е можно ситуацијата да биде и полоша од прогнозите.

Според прогнозата, економиите на Италија и Шпанија, членки на ЕУ кои се најтешко погодени од Ковид-19, ќе забележат пад од над девет отсто, додека Грција, која по децении економски потешкотии почна да се опоравува пред појавата на епидемијата, ќе се соочи со најтешки последици – со опаѓање на економската активност за 9,7 отсто и невработеност од дури 19,9 проценти.

Последици ќе има и економскиот лидер на Унијата – Германија, чија економија годинава ќе забележи пад од 6,5 отсто, додека во Франција ќе изнесува 8,5 проценти, наведе весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот