Новогодишна прослава во Њујорк и покрај рекордниот број заразени

Њујорк САД Божиќ Нова година
Божиќ во Њујорк, САД / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Новогодишната прослава на Тајмс сквер во Њујорк ќе се одржи и покрај рекордниот број заразени со ковид-19, потврди денеска градоначалникот Бил де Блазио.

– Сакаме да покажеме дека одиме напред и сакаме да му покажеме на светот дека Њујорк се бори на овој начин, изјави Де Блазио, на кого утре му е последен ден на функцијата.

Додека некои американски градови, како што е Атланта, ги откажаа новогодишните прослави, Де Блазио истакна дека високата стапка на вакцинација против ковид-19 во Њујорк го прави возможно одржувањето на традиционалната новогодишна прослава на Тајмс сквер, но под строги мерки.

Како што беше претходно прецизирано, просторот за публиката која вообичаено собира околу 58 000 луѓе ќе биде ограничен на околу 15 000 за да се овозможи поголема дистанца, а сите присутни мора да покажат доказ за вакцинација и да носат маска.

Идниот градоначалник, Ерик Адамс ќе положи заклетва на Тајмс сквер во сабота наутро, а планира да одржи прес-конференција подоцна денеска за да го претстави својот план за борба против пандемијата.

Поради ширењето на сојот омикрон, бројот на нови случаи на ковид-19 во САД достигна рекордно ниво, односно над 265 000 дневен просек.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот