Новиот директор на ЦИА, пријател на бизнисмен од Тетово (ФОТО)

Тетова Сот

Џон Ратклиф е американскиот конгресмен, кој чека одобрување од Сенатот за да стане директор на Националното разузнавање на Америка. Тој е познат како добар пријател на Албанците и поддржувач на албанското прашање на Балканот, јавува Тетова сот. По оставката на Ден Коутс, американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше тексашкиот конгресмен Џон Ратклиф за функцијата директор за Националното разузнавање. Ратклиф, кој е на 53-годишна возраст, е познат како лојален кон претседателот Трамп, кој и го опиша како високопочитуван поранешен обвинител.

Но, интересен е фактот што Џон Ратклиф има силни врски со албанската заедница во САД и е познат како поддржувач на независноста на Република Косово и на албанското прашање на Балканот. Во 2016 година, Ратклиф учествуваше на Националниот економски форум на албанската дијаспора, каде што исто така одржа говор.

На други средби, Џон Ратклиф се појавува заедно со бизнисменот од Тетово, Лазим Дестани, а и со Пандели Мајко, албанскиот министер за Дијаспора, Фатмир Медиу, поранешен министер за Одбрана и Теута Сахатчија, генерален конзул на Република Косово во Њујорк. Во моментов тој работи во Комитетот за разузнавање, Комитетот за внатрешна безбедност и Судскиот комитет на американскиот Конгрес. За да биде именуван на чело на Националното разузнавање, кандидатурата на Ратклиф треба да биде одобрена од Сенатот на САД.

Топ Чанел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот