Нови руски напади над Одеса

Фото: МИА

Најмалку пет лица се повредени вчера и ноќеска во руски ракетен напад врз Одеса, соопштија локалните власти.

Меѓу повредените има и петнаесетгодишно момче, соопшти градоначалникот Хенадиј Труканов. Иако противвоздушната одбрана собори две ракети, нивни остатоци паднале на улиците и зградите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното редовно видео обраќање повторно ја повика меѓународната заедница за помош во заштитата од ракетни напади.

– Главна цел на непријателот во овој ракетен терор е нашиот енергетски сектор, рече Зеленски.

Украинската енергетска компанија Укренерго соопшти дека се неопходни кратења на снабдувањето во источниот регион Харков. Енергетската мрежа е под закана и во Одеса и во регионот Хмељницки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот