Нови откази во „Твитер“

Илон Маск Твитер/ Фото: Peter Kov / Alamy / Alamy / Profimedia

„Твитер“ отпушти нов бран вработени откако Илон Маск ја купи социјалната мрежа минатиот октомври. „Њујорк тајмс“ наведува дека се отпуштени 200 работници, или 10 отсто од преостанатите 2.000 вработени.

Отпуштањата во главно се од инженерските тимови, вклучително и оние кои ја одржуваат технологијата за рекламирање, главната апликација на „Твитер“ и техничката инфраструктура.

Директорот за управување со производи Естер Крафорд, како и основачите на помали компании купени од „Твитер“ пред преземањето на Маск, се меѓу отпуштените.

Компанијата отпушти околу 3.700 работници на почетокот на ноември како дел од мерките на Маск за намалување на трошоците. Бројот на вработени во „Твитер“ е намален за околу 75 отсто од октомври и сега е околу 2.000.

Маск во ноември изјави дека социјалната мрежа забележува „голем пад на приходите“ бидејќи огласувачите се повлекуваат поради сомневањата за квалитетот на уредувањето на содржината на социјалната мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот