Нови израелски напади врз Газа

Фото: ЕПА / илустрација

Израелската објави дека цел биле девет згради каде се наоѓаат високи функционери на Хамас, а во некои од нив имало и складирано оружје.

Ноќеска и утринава израелската авијација десетици пати го бомбардираше појасот Газа, од каде вооружени групи истрелаа ракети кон Израел.

Нападите предизвикаа прекин на струјата, а стотици згради се оштетени.

Израелската објави дека цел биле девет згради каде се наоѓаат високи функционери на Хамас, а во некои од нив имало и складирано оружје.

Новите израелски напади се извршени врз палестинската енклава, која е под контрола на екстремистичкиот Хамас од 2007 година, еден ден откако беше забележан најлошиот биланс од почетокот на новите конфликти. Во нападите загинаа 42 Палестинци, вклучувајќи најмалку осум деца и двајца лекари.

Вкупно 197 Палестинци се убиени од 10 мај, од кои најмалку 58 деца и над 1.200 ранети. Од израелска страна, во нападите на палестинските вооружени групи од појасот Газа врз Израел се убиени десет лица, меѓу кои и едно дете, а 294 се ранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот