Нови дела на Стефани Хаџи-Николова се изложени во галеријата „Хаџи-Николов Арт“

Авторката во амбиентот на галеријата „Хаџи-Николов Арт“

Младата ликовна уметница Стефани Хаџи-Николова своите нови дела ги претстави во амбиентот на својата семејна галерија. Стефани Хаџи-Николова е родена во 1995 година во Скопје. Факултет за арт и дизајн завршила на ЕУРМ (Европски универзитет на Република Македонија) во 2019 година.

Својата прва самостојна изложба ја поставила во галеријата „Грал“ во 2022 година. Деновиве се претставува со нејзината втора самостојна изложба, која е поставена во галеријата „Хаџи-Николов Арт“ (во населба Црниче, ул. „Востаничка“ 88, Скопје).

Изложбата беше отворена на 9 јануари и ќе може да се посети до крајот на февруари 2024 година. На изложбата Стефани Хаџи-Николова се претставува со 40 слики работени во техника акрил на плато, а создадени во текот на 2023 година.

Покрај двете самостојни изложби, Хаџи-Николова досега учествувала и на три ликовни колонии (Приштина, Перник, Босилеград).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 215, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 27-28.01.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот