Нови четири кластери кај новозаболени од КОВИД-19 во Тетово

Тетовската полиција и понатаму секојдневно изрекува казни за неносење на задолжителните маски за лице.

Неделава се откриени нови четири кластери во тетовскиот регион од кој потекнуваат дел од најновите заразени со КОВИД-19 жители на општина Тетово, информираат денеска од Центарот за јавно здравје во Тетово. Од 19-те нови случаи денеска, 11 се од општина Тетово, по три има во општините Желино и Теарце, како и по еден во Брвеница и Јегуновце.

– Имаме четири нови кластери во фамилии затоа што нема придржување до препораките да нема групирање, како и основните мерки за носење маска, миење раце и држење растојание. Во овие две недели беа замени над 200 брисеви во рамки на скринингот преку матичните лекари. Општина Тетово е најкритичната од шесте општини со најмногу заболени, но бројките се менуваат секојдневно, истакна Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Тетово.

Тетовската полиција и понатаму секојдневно изрекува казни за неносење на задолжителните маски за лице.

-Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (18/19.06), за неносење заштитни маски на 83 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

И понатаму има многу лица кои се во изолација. Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 53 лицa, додека вкупно биле контролирани 820 луѓе со вакви решенија. Изјави за самоизолација потпишале вкупно 45 лицa, а контролирани биле 115 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот