Нова студија: Кога луѓето почнале страсно да се бакнуваат?

Фото: Wikimedia_ Athenian red-figure vase

Една од мистериите на човештвото што секогаш ги интригирала антрополозите, биолозите и пошироката јавност е – кога луѓето почнале да се бакнуваат?

Нова студија открива дека ова мора да се случило најмалку 1.000 години порано, отколку што првично се мислеше, пренесува српскиот „Нешнал џиографик“.

Конкретни докази за т.н францускиот бакнеж се наоѓаат во бројни историски извори од различни епохи. Затоа, научниците – експерти за Месопотамија, д-р Троле Панк Арбол од Универзитетот во Копенхаген и биологот д-р Софи Лунд Расмунсен од Универзитетот во Оксфорд решиле да утврдат кога за прв пат се разменувале страсните бакнежи.

„Бакнежот е нешто што го земаме здраво за готово и ни се чини дека отсекогаш постоел. Но, тој морал да се појави во одреден момент и мислиме дека се случи во подалечното минато, отколку што се веруваше“, објаснила д-р Расмунсен.

Таа додадала дека најдобар доказ за тоа се бонобо-шимпанзата, кои исто така го практикуваат бакнежот, кој им помага да развијат блиски односи со другите членови на заедницата.

Парот научници решиле да побараат конкретни археолошки докази и траги кои би ги споиле и на тој начин со сигурност би го одредиле времето кога се разменувале страсните бакнежи. Тие истражувале записи од глинени плочи од античка Месопотамија, во кои се споменува бакнувањето како романтичен чин, практикуван по сексуален однос уште пред 4.500 години.

Со тоа се потврдило дека бакнежот бил актуелен 1.000 години порано отколку што првично се верувало.

Научниците Арбол и Расмунсен укажуваат на фактот дека ова е околу периодот кога во древните месопотамиски текстови се споменува болест слична на херпес, од која денес страда голем дел од светската популација.

По добиените резултати, тие веруваат дека ова веројатно е најраниот период кога почнале да се разменуваат бакнежите, иако додаваат дека никој не може потполно да потврди кога тоа всушност се случило за прв пат во историјата на човештвото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот