Нова година-стари проблеми: Скопјани го дишат единаесеттиот најзагаден воздух во светот

Загадување во Скопје / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

На вториот ден од новата година, Скопје останува на врвот на градовите со најголема загаденост. Според реномираната страница за мерење на квалитетот на воздухот IQAir, Скопје е 11 најзагаден град во светот со индекс 163.

Фото: Принтскрин

Според податоците на страницата „WAQI“, во околината на Гази Баба, Лисиче, Ѓоре Петров и Тафталиџе загаденоста на воздухот е на многу високо ниво.

Пред Скопје се само Дака, Делхи, Лахор, Хангжу, Шенјанг, Карачи, Ташкент, Калкута, Багдад и Акра.

Во услови на нечист воздух, се препорачува малите деца, бремените жени, хроничните болни и повозрасните луѓе да не излегуваат на отворено, граѓаните да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да го користат јавниот превоз. Се повикуваат сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат ако немаат регулирано испуштање на отпадните гасови, а граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси.

Скапо ни е да ги мериме опасните хемикалии во воздухот, па лесно ги губиме прескапите животи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот