Нова авиолинија од Скопје до Сараево од октомври

Меѓународен аеродром Скопје. / Фото: Слободен печат

Од 2 октомври годинава од Меѓународниот Аеродром Скопје се воведува нова авиолинија до Сараево. Како што информираат од ТАВ Аеродроми летовите ќе бидат достапни три пати неделно или секој понеделник, среда и петок.

Новата авиолонија се воведува преку AEGEAN, грчкиот национален авиопревозник и член на „Star Alliance“. Резервацијата на авионските билети ќе биде достапна преку нивната веб-страница.

Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на AEGEAN за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авио-конекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници – изјави генерален директор на ТАВ Македонија Неџат Курт.

Од јануари до јуни 2023 година на двата македонски аеродрома во Скопје и Охрид опслужени се вкупно 1,3 милиони патници. Од ТАВ Аеродроми велат дека имаат годишен пораст од 41 отсто во однос на 2022 година, додека во однос на 2019 година, референтна година во однос на патничкиот сообраќај пред ковид-кризата, зголемувањето е за 15% повеќе патници во првата половина од оваа година. Во однос на бројот на летови за истиот период, вкупно 10.299 летови се опслужени на двата аеродрома што претставува годишен пораст од 23 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот