Нов удар за Шри Ланка: Поради бомбашките напади може да загуби до 1,5 милијарди долари

Терористичките напади во Шри Ланка извршени за католички Велигден оваа година може да предизвикаат губење на приходите во туристичкиот сектор до 1,5 милијарди долари, објави министерот за финансии.

– Поради тие напади, туризмот ќе биде најранливата економска гранка на долг рок, и очекуваме пад на бројот на туристи од 30 отсто, што значи загуби од околу 1,5 милијарди долари – изјави Мангала Самаравера.

Во 2018 година, Шри Ланка имаше рекорден број од 2,33 милиони туристи, и приходи од 4,4 милијарди долари. Во 2019 година се очекуваа приходи од туризмот од пет милијарди долари.

Бомбаши-самоубијци нападнаа цркви и луксузни хотели во неделата изутрина на Велигден при што загинаа 253 лица. Одговорност за нападот презема терористичката група Исламска држава(ИС).

Министерот за финансии, врз основа на искуствата на Франција, Белгија, Шпанија и Тунис, очекува закрепнување во туристичкиот сектор за околу две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот