Нов скандал во режија на Гигс кој може да го однесе зад решетки, ја претепал поранешната девојка

epa07642045 Head coach Ryan Giggs of Wales before the UEFA EURO 2020 Group E qualifying match between Hungary and Wales in Groupama Arena in Budapest, Hungary, 11 June 2019. EPA-EFE/Tamas Kovacs HUNGARY OUT

Актуелниот селектор на репрезентацијата на Велс, Рајан Гигс и легенда на Манчестер јунајтед се соочува со петгодишна затворска казна поради физички напад на две жени. Инцидентот се случил во ноември минатата година за што доби обвинени за три казнени дела.

Во ноќта на 1. ноември 2020 година ја претепал порашената девојка Кејт Гревил, а потоа нападнал и жена во 20-тите години за која е утврдено дека станува збор за сестрата на Кејт.
Гигс исто така е обвинет за агресивно однесување и присилна контрола над поранешната девојка од 2017 па се 2020 година. Тој мора да се појави во судот во Манчестер на 28 април.

Доколку биде осуден, Гигс би можел да добие дури петгодишна затворска казна.
Фудбалската федерација на Велс објави дека Рајан Гигс нема да ја предводи репрезентацијата на претстојното ЕП и ќе биде заменет со селекторот на репрезентацијата до 21 година, Роберт Пејџ.
Гигс беше во врска со Кејт Гревил од 2017 година, и тоа само осум месеци откако се разведе од сопругата Стејси која осум години ја изневеруваше со сопругата на сопствениот брат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот