Норвешка: Уапсен муслимански свештеник, планирал терористички напади

Во Норвешка денеска бил уапсен муслиманскиот свештеник Мула Крекар кој е прогласен за виновен во Италија поради планирање на терористички акции, пренесува Вашингтон Пост. 

Норвешката агенција за национална безбедност соопшти дека муслиманскиот свештеник Мула Крекар, кој беше прогласен за виновен во Италија поради планирање на терористички акт, беше уапсен врз основа на италијанската потерница.

Агенцијата за безбедност вели дека Крекар, кој е роден во Ирак, бил уапсен во понеделникот, како и тоа дека не било јасно дали веднаш ќе биде екстрадиран, пренесува агенцијата АП.

Агенцијата објави твитови неколку часа откако италијанскиот суд го прогласи Крекар виновен за обид за соборување на курдската влада во северен Ирак и создавање исламски калифат и го осуди на 12 години затвор.

Италијанските обвинители изјавија дека Крекар, кој живее во Норвешка, стои зад Равти Шака, европска мрежа чија цел е насилно соборување на владата во Курдистан.

Според информации блиски до Крекар, се соопштено е дека свештеникот планира да поднесе жалба на оваа одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот