Норвешка го укина карантинот за невакцинираните патници

Норвешка ковид-19/ Фото: МИА

Норвешка ќе го прекине својот систем на задолжителен карантин за невакцинирани патници и луѓе кои биле во близок контакт со заразено лице, заменувајќи го со дневен режим на тестирање, објави владата во понеделникот, пишува Ројтерс.

Според важечките правила, секој што пристигнува во Норвешка, а не е вакциниран треба да биде во карантин најмалку три дена. Доколку пак лицето било во близок контакт со заразен,  карантинот траел 10 дена.

Според Националниот институт за јавно здравје, ова повеќе не се смета за неопходно, бидејќи новите правила ќе важат од 26 јануари, соопшти владата.

Сегашните правила беа критикувани поради држењето на здрави луѓе во карантин непотребно долго време, а особено погодени беа семејствата со деца.

Од среда, луѓето кои биле во контакт со заразено лице се обврзани да се тестираат секој ден во наредните 11 дена од контактот. Оние кои ќе одбијат да се тестираат, сепак се обврзани да бидат во карантин.

Патниците сепак мора да се тестираат и да се пријават по пристигнувањето во Норвешка, а негативен тест направен пред пристигнувањето е исто така неопходен за оние кои не можат да документираат дека се целосно вакцинирани, соопштија од Министерството за здравство на земјата.

Карантинот за патниците може повторно да се воведе доколку се промени ситуацијата со инфекцијата или доколку се појави нова варијанта на вирусот што бара построги мерки, додаде владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот