Њукасл во скандалот со обложување застана зад Тонали: Тој и неговото семејство ја имаат нашата поддршка

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Овие денови актуелни се вестите од Италија за скандалот со обложување во кој се вмешани повеќе познати фудбалери. Николо Фаџоли кој денес имаше и емотивна исповед веќе ја доби својата суспензија, а со сериозни санкции би можел да се соочи Сандро Тонали.

Сегашниот фудбалер на Њукасл е обвинет дека се обложувал и на натпревари на Милан додека го носел дресот на „росонерите“.

Денес за првпат во јавноста со соопштение се огласи и англискиот премиерлигаш.

„Њукасл може да потврди дека Сандро Тонали е предмет на истрага на италијанското обвинителство и Италијанската фудбалска федерација поради незаконско обложување. Сандро е вклучен и помага во истрагата соработувајќи со надлежните органи. Тој и неговото семејство ќе продолжат да добиваат целона поддршка од клубот. Поради процесот кој е во тек, Сандро и Њукасл не би можеле да дадат дополнителен коментар“, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот