Низ Гази Баба ќе се постават нови форми на клупи и цветни фигури

Фото: Општина Гази Баба

Нови форми на клупи и модерни цветни фигурни наскоро ќе бидат поставени низ општина Гази Баба. Урбаната опрема ја изработуваат вработените во оперативниот центар на ЈКП „Гази Баба“во чии рамки се наоѓа работилница која е опремена со најсовремен алат за изработка.

Градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на оперативниот центар на јавното комунално претпријатие и најави дека во наредниот период ќе започне акција за поставување нова и реконструкција на веќе поставената урбана опрема во сите населени места низ општината.

 ЈКП „Гази Баба“ преставува вистински сервис на граѓаните. Покрај грижата за водоснабдувањето на жителите во руралниот дел на општината, комуналната хигиена на целата територија, тие посветено работат на изработката на нова урбана опрема со која нашите граѓани добиваат модерни катчиња за одмор и рекреација – соопшти Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот