Низ цела Европа грми химната на Ливерпул (ВИДЕО)

твитер

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) организираше „flash mob“ во исто време со пуштање на песната која е химна на Ливерпул, Борусија Дортмунд и Селтик “You`ll newer walk alone“.

На иницијатива на ЕБУ, на повеќе од 180 радио станици низ Европа беше пуштена легендарната песна за да се упати порака до сите луѓе дека нема да бидат заборавени додека трае борбата со пандемијата на коронавирусот.

„Музиката може да се спои во овие тешки времиња. Цела Европа е обединета во солидарноста. Запомнете, не сте сами“, порача ЕБУ.

Очекувано, на акцијата се приклучи и екипата на Ливерпул која на официјалниот Твитер профил постави видео како 50.000 навивачи ја пеат химната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот