Нивото на водата во Охридското Езеро сѐ уште е далеку под просекот

Фото: mia.mk

Водостојот на Охридското Езеро викендов порасна за еден сантиметар, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината.

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,21 метри надморска височина, што е за 28 сантиметри пониско од просекот за март.

Врнежите дожд од пред неколку дена го подигнаа нивото на езерото за еден сантиметар, но генерално временските прилики се се уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.

Температурата на водата е 7,5 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 7,8 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот