Ниту негира ниту потврдува, Силјановска без конкретен одговор дали по втор пат ќе се кандидира за прва жена претседател

Носителката на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 проф. Др. Гордана Силјановска го исполни своето право на глас Давкова/ Фото: Драган Митрески

-Не велам – не, бидејќи ќе биде неодговорно потоа да ме потсетувате дека сум рекла не. Ама не сум сигурна, ова е одговорот на пратеничката Гордана Силјановска-Давкова на прашањето дали повторно ќе биде кандидатка за претседател на државата на претстојните избори. Во емисијата „360 степени“ на МРТ1 таа посочи дека размислува за ова прашање и оти има многу дилеми. Решавачки за неа ќе бидат разговорот со семејството, нејзината лична промисла, како и анализата на нејзината улога како пратеничка во Собранието.

Таа  наведе и дека со Мицкоски не разговарале на оваа тема, дека меѓу нив двајца има заемен респект и дека таа никогаш не разговара за нешта во кои треба нешто да иницира или понуди, велејќи дека не сака да врши притисок или да влијае на некои настани.

Според неа, да се одржуваат два изборни циклуса кога разликата е шест месеци од еден до друг, не само што е скапа работа, туку е и непотребна.

Смета дека одделни избори би било „непотребно фрлање пари“, а укажува и на ставот на Венецијанската комисија за неодржливост на изборниот праг во вториот круг од претседателските избори, каде што се бара 40 отсто излезеност за изборите да успеат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот