НИШТО ОД ТЕНИСКИ КЛАСИК: Федерер елиминиран од турнирот во Мадрид, Тим и Ѓоковиќ ќе се борат за финале!

Фото: EPA/Enric Fontcuberta

Доминик Тим се пласираше во полуфиналето на „Мастерс” турнирот во Мадрид, откако го победи Роџер Федерер по 3:6, 7:6 (11), 6:4 за помалку од 2 часа игра.

Ова беше четврти успех за Австриецот од вкупно шест натпревари против „Маестро” на АТП турнејата.

Во меч за место во финалето тој ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ, кој се рангира напред без игра, откако неговиот противник Марин Чилиќ се откажа поради повреда уште пред натпреварот меѓу двајцата да започне.

Популарниот „Доминатор” е најдобриот играч на земја оваа сезона по освојувањето на турнирите во Монте Карло и Барселона. Тој ги загуби последните две финалиња во шпанската престолнина, но при успех против Србинот утре ќе има шанса за трета година по ред да се бори за трофејот.

Во првиот сет „ФЕД-екс” направи брејк во вториот гем и ја задржа предноста од брејк до самиот крај на делот за да поведе во резултатот со сет аванс. Во вториот сет и двајцата беа безгрешни на свој сервис на крајот дојде до тајбрејк.

Во него, Швајцарецот водеше со 3:0 во поени, но неговиот противник изедначи. На Тим му се наметна да спасува два меч топки за да преживее, но истовремено тој испушти цели пет сет-топки за време на тајбрејкот, за да се дојде до шеста таква, која успеа да ја освои.

Во третиот сет, Австриецот направи брејк уште во третиот гем, но неговиот противник го врати брејкот во осмиот. Сепак Тим стигна до нов таков во деветтиот гем, а потоа освои на свој сервис, по што запиша конечан победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот