Николовски: Нема да потпишувам никакви согласности за нови рудници на плодно земјиште

Љупчо Николовски - мин. за Земјоделство шумарство и водостопанство / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Иднината на Македонија е во производството на храна и на туризмот, смета Николовски и затоа не треба да се дозволува пренамена на обработливото земјоделско земјиште. Во иднина треба законски да се забрани пренамената на првата и на втората класа плодно земјиште, додаде министерот за земјоделство

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски е дециден дека нема да потпишува никаква согласност за отворање рудници или каква било пренамена на плодно земјиште од прва и од втора класа. Тој откри дека само за време на неговиот и на мандатот на неговиот претходник во МЗШВ, Трајан Ангеловски, не биле дадени вакви согласности, а потсети и дека негативно било неговото мислење за отворање на рудникот Казандол. Иднината на Македонија е во производството на храна и во туризмот, смета Николовски, и затоа не треба да се дозволува пренамена на обработливото земјоделско земјиште.

– Сега како што е поставена работата, никој не може да ја сопре пренамената на земјоделското земјиште, бидејќи законот тоа го дозволува, а општините се надлежни за издавање дозволи за пренамена. Сметаме дека во иднина треба законски да се забрани пренамената на првата и на втората класа плодно земјиште. Светот се бори за секоја педа обработливо земјиште, а така треба и ние да се однесуваме – посочи Николовски.

Според него, токму во ИПАРД 3 програмата е ставен фокус на мерката Агро-екологија, клима и органско производство наменета за еколошко и органско земјоделско производство и производство, кое ќе придонесе за заштита на животната средина и надминување на влијанието на климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот