Никој друг како Хулијан Алварез!

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Mладиот напаѓач на Манчестер Сити, Хулијан Алварез кој вчера ја освои Лигата на шампионите со Сити има година од соништата, а веќе до 23 години му успеа нешто со кое никој друг не може да се пофали во последниот период.

Алварез уште рано во кариерата успеа да ги освои сите највредни трофи во фудбалот. Се започна пред седум месеци во Катар кога со Аргентина стана светски шампион, а потоа во својата деби сезона со Сити ја освои Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот.

Не треба да се заборави и дека Алварез беше во составот на Аргентина во 2021 година кога оваа репрезентација славеше на Копа Америка.

Претходно во кариерата како фудбалер на Ривер Плата ги освои сите можни клупски трофеи во својата земја. Стана шампион на Аргентина, го освои Купот и Суперкупот, па трофејот во Копа Либертадорес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот