Невил: Успех е да потрошите милијарда фунти и да бидете волку лоши како Јунајтед

Манчестер јунајтед сезоната во Премиер лигата ја отвори со два порази/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил го прокоментира поразот на „црвените ѓаволи“ од Брентфорд во Премиер лигата и смета дека очајно одработените преодни рокови во последните неколку сезони се главната причина за лошите резултати на екипата.

Јунајтед по две кола во Премиер лигата е последен на табелата со два порази и тоа од екипи како Брајтон и Брентфорд.

– Успех е да се потрошат милијарда фунти и да бидете волку лоши. Ако некој мислеше дека Манчестер јунајтед не може да падне пониско, сега покажаа дека е возможно. Ова е новото дно – вели Невил.

Поранешниот дефанзивец кој има и 85 настапи за англиската репрезентација, смета дека голем дел од вината лежи и во самите фудбалери.

– Овие фудбалери под тројца менаџери покажаа дека не трчаат доволно. Немаат самодоверба и потребна им е помош. Вистината е дека ситуацијата е многу, многу лоша – додава Невил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот