Неверојатно вкусна и крцкава закуска: Рецепт за мини ролати од лиснато тесто со мелено месо и сланина

Фото: Pexels / Campbell Downie

Сочните и крцкави мини ролати од лиснато тесто, наполнети со мелено месо, докажуваат дека вкусните јадења не бараат многу труд и состојки.

Рецепт кој Се подготвува за помалку од еден час, а за овиеда бидат уште повкусни, послужете ги чипсовите со домашен кечап или некој убав, густ сос од домати во кој можете да додадете чили, ѓумбир или лук во прав.

Состојки:

– 2 чешниња лук
– 1 мал кромид
– 1 стебленце целер
– 150 г сланина
– 500 г мелено свинско месо
– 40 г презла
– 1 јајце
– половина лажичка сол, бибер

– 2 и 1/2 листови замрзнато лиснато тесто (25 цм на 25 цм)
– 1 јајце
– кечап или сос од домати

Подготовка:

Оставете го лиснатото тесто да се одмрзне. Зеленчукот ситно исецкајте го. Загрејте го маслото во тава и пропржете ги кромидот и целерот. Додадете ја ситно сечканата сланина и пржете кратко. Додадете сечкан лук и кратко пропржете. Префрлете ја смесата во сад и оставете ја да се излади 10 минути. Потоа додадете ги останатите состојки за филот и измешајте со раце.

Изматете го јајцето. Секој лист од тесто пресечете го на половина за да добиете пет помали листови. Ставете го првиот лист со долгата страна пред вас, а потоа премачкајте го долгиот крај подалеку од вас со изматеното јајце.

Одделете една петтина од смесата со мелено месо и ставете ја во средината на тестото, па рамномерно распоредете ја за горните и долните рабови да останат празни. Свиткајте го тестото и исечете го на помали парчиња (околу 4) и повторете го процесот со останатите листови и смесата. Мини ролатите премачкајте ги на два листа обложена со хартија за печење, премачкајте ги со јајце и печете ги на 180 степени Целзиусови 30 до 35 минути или додека тестото не добие боја.

Оставете малку да се излади и послужете со сос од домати или кечап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот