Неверојатно, уште еден отказ кај Американците

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович никако да поврзе неколку денови без некој кошаркар да одлучи да не игра за националниот тим.

Според Јаху спортс, последен кој го откажа настапот на СП во Кина е 21-годишниот кошаркар на Сакраменто, Деарон Фокс кој сака да се фокусира на подготовките за новата сезона во која се надева дека ќе обезбеди пласман во плејофот. Со последниот отказ, селекторот Попович има само 13 кошаркари на располагање.

Во отсуство на најголемите НБА ѕвезди како Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Бредли Бил, Демиен Лилард, Си Џеј Меколум кои сите го откажаа настапот на Мундобаскет, најзвучни имиња во репрезентацијата се Кемба Вокер и Донован Мичел и Крис Мидлтон.

Репрезентацијата на САД на СП во Кина се наоѓа во групата Е со Турција, Чешка и Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот